Македонија 15. септември 2019. / 21:53

Ахмети: „Бомбите“ на Ел Чека се залудни – ако бевме виновни, кој ќе не поштедеше?

Ахмети: „Бомбите“ на Ел Чека се залудни – ако бевме виновни, кој ќе не поштедеше?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното изборно собрание на партискиот огранок во Чаир, им порача на сопартијците да не се грижат поради објавуваните материјали од страна на Ел Чека, пренесе Слободен Печат.

Ахмети на политичките противници им порача да се натпреваруваат во партиските органи.

– Постоеше загриженост кај некои мои соработници поради неколку прислушувани материјали. Оставете ги, тие се залудни. Ако имаше криминал за ДУИ, кој ќе не поштедеше? – праша Ахмети