Во истражувањето на „Лидер“ за новата порталска пропаганда на власта, објавивме дека неколку портали синхронизирано објавуваат лажни вести и пропаганда, секогаш во полза на власта и владејачката СДСМ. Се чини, периодов нови сајтови никнаа како печурки, а на социјалните мрежи евидентно е дека истите имаат огромен маркетиншки буџет.
Во првиот дел на истражувањето на „Лидер“ во кое пишуваме за новите портали под контрола на партијата СДСМ, пишувавме за два портали кои се под контрола на лице блиско до генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Во вториот дел, пишувавме за штампарата за лажни вести на лицето Џабир Мемеди, кое себеси се претставува како Џабир Дерала. Тема на третиот дел од истражувањето на „Лидер“, ќе говориме за еден портал каде како сопственик се води компанија од Ресен.
Низ медиумските кругови, веќе на големо се зборува дека шефот на прес службата на владата заедно со шефот на една невладина организација и еден поранешен шеф за односи со јавноста во министерството за култура – основале дувло за пропаганда и лажни вести во близина на штабот на СДСМ.
Во стан, тие секојдневно се собирале и ја подготвувале владината пропаганда, а плеjада од ботови истите материјали ги распростанувале по нивните сајтови и социјалните мрежи.
Сајтовите им се поделени на неколку „крила“, во неколку фирми, а има и такви позади кои стојат физички лица.
Човек-портал класифициран како професионален медиум
Еден од медиумите кои засилено шират лажни вести и пропаганда во полза на власта, е порталот centar.mk, кој претходно се викаше sky.mk. Скај постоеше подолго време, но откако стана познат по блискоста со партијата СДСМ, се ребрендираше за повторно да се продава како независен медиум.
Во импресумот на порталот centar.mk, стои само едно лице, лицето Јован Соколевски кое е целосно непознато за новинарската јавност во Македонија.
Иронијата оди до таму, дека портал со еден вработен е регистриран како професионална новинаска агенција од страна на Здружението на новинари на Македонија и Советот за етика во медиумите.
Овој сајт, со само еден вработен од овие две невладини организации блиски до СДСМ го квалификувале како професионален медиум и истиот може да се најде на сајтот на ПроМедиа.
На прашањето зошто ЗНМ и СЕММ оваа човек фирма ја претставиле како професионален медиум, сеуште нема одговор.
Фирма од Ресен се претставува како новинаска агенција – има и сомнителни пари!
Проверката во централниот регистар, покажува дека овој портал е во сопственост на компанијата Скај Пресс од Ресен, каде исто така како сопственик и управител се јавува единствениот вработен во импресумот на порталот – Јован Соколевски.
Во исто време, проверката покажува дека фирмата сопственк со еден вработен во 2018 инкасирала 725.758,00 денари или нешто над 11.000 евра.
Затоа што се работи за сајт кој има хипер продукција на објави, се отвора прашањето дали можеби тој е полнет од Дувлото за пропаганда и лажни вести кое е под контрола на СДСМ? Еден човек, практично не може да објави по седумдесетина објави на ден, колку што објавува овој сајт.
Симптоматично е што овој портал регистриран во Ресен, како контакт број има оставено телефонски број со префиксот „02/“ кој е за Скопје. По што се отвора сомнеж дека истиот се уредува во главниот град од непознат центар.
Наскоро, четврто продолжение
Во четвртото продолжение на нашето истражување, ќе пишуваме за порталската мрежа на сопругот на една функционерка во владата. По ова, ќе направиме пајак мрежа на сите медиуми под контрола на СДСМ и ќе овјасниме како истите функционираат.