Македонија 18. декември 2019. / 13:12

Аерозагадувањето, иселувањето и дигитализацијата – надпартиски приоритети на Пендаровски

Аерозагадувањето, иселувањето и дигитализацијата – надпартиски приоритети на Пендаровски

Во своето годишно обраќање во Собранието, претседателот Стево Пендаровски наведе три, како што ги именуваше, надпартиски приоритети за кои побара нивно издвојување од дневната политика и градење општ консензус во државата.

Аерозагадувањето, намалување на иселувањето и стратешката рамка на проектот МКД 2030, што подразбира дигитализација на државата.

Во врска со борбата против аерозагадувањето, Пендаровски најави скоро свикување на неговиот Совет за безбедност. За него мора да се преземат надпартиски чекори за ублажување на голготата со иселувањето и апсолутно неприфатливи се препирките од типо во наше време се иселиле 150.000, а во ваше 300.000  лица.

Ако сакаме, пак, четвртата македонска република да биде успешна, таа мора да биде дигитализирана.