Постојат околности поради кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети може да биде обвинет пред специјалниот суд во Хаг, изјави за Слободен печат адвокатот на косовските воени ветерани на УЧК, Том Гаши.
Првиот човек на интегративците еднаш беше повикан како сведок пред Специјалниот суд во Хаг каде што во моментов на лидерите на УЧК, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими им се суди за стотина воени злосторства, убиства, киднапирање, прогон и тортура.
Според Гаши, обвинителството нема докази да ги докаже обвиненијата, но смета дека судот и Специјалното обвинителство кое од 2016 функционира во склоп на косовскиот судски систем ги надминува овластувањата и дека суди субјективно. Поради тоа секој Албанец кој некако бил во релации со УЧК може да најде на списокот со обвинети, па така и Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ пред да го започне конфликтот во 2001 во Македонија беше дел од командната структура на УЧК на Косово.