Адвокатите на Бојан Јовановски и на Катица Јанева имаат забелешки на снимките кои се презентираат во судот.
Според нив постои голем сомнеж како се направени и кој навистина говори на нив.
– Автентичноста на снимките е под знак прашалник и не може да биде потврда. На смимките се слушаат повеќе гласови – се побуни Дељо Кадиев.
Сашо Дукоски, пак, објасни дека од повеќе различни снимки е направена компилација и се работи за самостојна интерпетрација од страна на Обвинителството.