Владата планира да го укине Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор и да основа ново министерство за политички систем и мултикултурализам, брифираат владини извори, за МКД.мк
Ова би требало да се спроведе по завршувањето на уставните промени, по што би се отворила јавна дебата за оваа замисла. Развојот на мултикултурализмот е еден од значајните аспекти во натамошната работа на оваа Влада, брифираат владини извори.
Со евентуалното укинување на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор би се укинало и вицепремиерската функција, што сега ја извршува Хазби Лика од ДУИ.