Македонија 28. април 2020. / 11:55

Адеми: Дека училиштата ќе се отворат на 18 мај е лажна вест

Адеми: Дека училиштата ќе се отворат на 18 мај е лажна вест

Лажна вест е дека ќе се продолжи школската година поради пандемијата со коронавирус, објави министерот за образование Арбер Адеми.

Откако на социјалните мрежи почна да се споделува наводно донесена уредба од Министерството за образование и наука со која е донесена одлука за продолжување на учебната година и дека учениците ќе се вратат во клупите од 18 мај, министерот Адеми го сподели лажниот документ, прецртан со црвена боја и напиша : Лажна вест.