Македонија 08. август 2019. / 13:09

А1ОН со нови деталки: Боки 13 откако ги зел парите проверувал во МВР дали некој ги следи

А1ОН со нови деталки: Боки 13 откако ги зел парите проверувал во МВР дали некој ги следи

Бојан Јовановски и Зоран Милевски се сомневале дека се следени, откако ги зеле парите од бизнисменот Орце Камчев, пишува „А1он“. Како што објави А1он повикувајќи се на свои извори, Боки 13 веднаш штом излегол од домот на Камчев се јавувал кај човек во МВР или припадник на единицата „Алфи“ за да праша дали некој го следи. Засега не е откриено кај кој се јавувал.

Жената чии раце се гледаат на снимката додека ги брои парите, дека е сметководителката на Орце Камчев, дознава „А1он“. Откако ги изброиле парите, Камчев му рекол на Боки 13:

Е, Боки и спецификација на парите сум ви направил.

Целата вест на А1ОН.