Зоран Милески, или попознат како Зоки Кичеец прекарот го добива по родното Кичево, a во јавноста беше познат како човек близок до Сашо Мијалков, односно негов кумашин, како и до бизнисменот Орце Камчев, пишува А1он.
Откако го завршува Факултетот за туризам и угостителство во Охрид почнува да работи во ноќниот клуб „Арт плаза“, работи како шанкер и вратар, а сега е познат како сопственик на ресторанот „Арабеска“ во Скопје.
Пред да падне Владата на Љупчо Георгиевски, тој, според нашите извори, станува обезбедување во СДСМ, го напушта Охрид и заминува во Скопје како дел од партиското обезбедување.
По падот на власта на СДСМ во 2006 година Кичеец се зближува со Дејан Митрески – Урко, тогашно обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски, а оттаму се воспоставува и контактот со Мијалков и со Камчев.
Во 2013 година, врската меѓу Камчев и Кичеец почнува да се распаѓа, а за тоа сведочи и инцидентот во кафулето „Интермецо“ кога Орце е претепан од Кичеец.
Целиот текст на А1он можете да го прочита ТУКА.