Екс-специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова со „дарежливата рака“ на нејзината екс-шефица Катица Јанева, како надоместок на основната плата по основа на доверливост добила 93.000 евра. И таа, како и сите останати нејзини колеги и колешки, ова не го навела во анкетниот лист пополнет по завршувањето на функцијата.
Стефанова и како „специјална“ и како обична обвинителка го води случајот „Империја“. Но, таа не се согласувала со ставот на шефицата на бизнисменот Орце Камчев да му се дозволи издавање на времен пасош и да биде пуштен во домашен притвор.
Но, нејзиното име ќе остане запаметено по тоа што Камчеви, што ќе рече и бизнисменот Орце и неговата сопруга Ана, го потенцираа во случајот „Рекет“ дека преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, наводно, барала деловен простор за стоматолошка ординација за нејзината ќерка.
Анкетните листови, што обвинителката Стефанова ги поднела до Државната комисија за спречување корупција пред и по стапувањето на функцијата во СЈО, и да направите споредба во нив, можете да ги видите ТУКА.