Македонија 13. јули 2018. / 00:41

Граѓаните во шок од естрадата која ќе пее во чест на големото понижување, гнев на социјалните мрежи

Граѓаните во шок од естрадата која ќе пее во чест на големото понижување, гнев на социјалните мрежи

Граѓаните се масовно изненадени од нивните омилени естрадни ѕвезди кои прифатија на настапат на митинг финансиран од Владата во Сабота. Многумина од нив, преку социјалните мрежи ја праќаат следнава порака „Бојкотирајте, или ќе ве бојкотираме ние“.

Клавијатуристот Слободан Стојков, познат македонски рокер и некогашен член на бендови како „Мизар“ и Архангел, на „Фејсбук“ со остри критики кон музичарите кои ќе настапуваат на забавите платени од владата.

„Ја разбирам дека има копиљаци кои се декларираат како „партиципиенти“ во рокенролот во Македонија, разбирам и дека у ова невреме и немаштија, моралната страна на многу самопрогласени и таканаречени „рокери“ не е баш јака страна, а тука е и „благонаклонетата“ и „дарежлива“ влада, која не бира начин како да не дотепа за да ги оствари своите гнасни сотонски планови.

Арно ама, освен оние неколку музиканти на хунтата, за кои се знае во јавноста, не очекував човек како Ристо Архангел или ПМГ да си го ситнат газот за ситни пари. Криза на морал, а? Или дворски музиканти ќе стануете. Утре и на муртинецот на свадба ќе му пеете, клошаришта едни напиша тој.

Гневот на граѓаните особено порасна, откако беа објавени имињата на пејачите и изведувачите на забавите, низ поголемите градови низ земјата организирани од владата. Преку социјалните мрежи отворено се покажува разочарувањето кон некогаш омилените музичари и идоли.

Заради тоа што народот е поделен до крај ?Заради тоа шо фамилии и пријателства се растурија, или се растураат ?Заради…

Gepostet von Kristian Jandrioski am Donnerstag, 12. Juli 2018

Знаете за што пеете ?Ни за НАТО ни за ЕУ, туку во владина кампања за поддршка на Референдум промена на имеБојкотирајте оти ќе ве *БОЈКОТИРАМЕ

Gepostet von Владимир Котевски am Donnerstag, 12. Juli 2018

 

Меѓу поканетите од естрадата, има и такви кои биле поканети на ваков начин:

„За другите не можам да коментирам, ама САФ и Конкверинг никогаш не би прифатиле настап на партиски настан. Договорени сме за културен настан на 14 за ЕУ во Струга. Тоа значи дека не смее да има на бина партиски обележја, водители, луѓе од власт / партија како говорници и сл.“ – пишува диџеј Гоце САФ на Твитер по најавата дека ќе биде дел од владината најава за забава по НАТО и ЕУ.

 

На вакви коментари и лични пораки се изложени поголем дел од естрадата кои се најдоа на владионот плакат. Тоа што е нејасно е дали владината маркетинг служба ги известила или не за каков настан станува збор.