Македонија 05. јули 2018. / 16:18

770.000 книги отпечатени од претходната Влада, под знак прашалник од актуеланта

770.000 книги отпечатени од претходната Влада, под знак прашалник од актуеланта

„Министерството за култура допрва ќе бара решение за голем број отпечатени книги од петте капитални издавачки проекти на минатата Влада“ рече денеска министерот за култура Асаф Адеми на својата прва прес-конференција, еден месец по преземањето на функцијата.

Од четири проекти во изминатиот период е доставена уредна документација за 83 книги, но од март-април 2017 година од страна на Министерството за култура не е направен прием на ниту една книга. Причината за недоставените примероци е тоа што Миистерството во своја сопственост има 770.000 примероци од испечатените наслови од капиталните издавачки проекти започнати од претходната влада. Во моментов, дел од отпечатените примероци се сместени во подрумите на Министерството и на други национални институции од културата, рече Адеми.

Проектите за овие книги ги започна Владата на Никола Груевски и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска а за нив беа дадени 9 милиони евра.