Последните податоци на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија вкупно 77 бремени жени се регистрирани како заразени со Ковид-19.
Според информациите на ИЈЗ, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=8.048; 98,2%), пријавени се 77 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 19 биле хоспитализирани во текот на болеста.
Триесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.