Занимливости

Бремена жена загина во страшен судар: Она што потоа се случи со нејзиното бебе го нарекуваат чудо (ВИДЕО)

Бремена жена загина во страшен судар: Она што потоа се случи со нејзиното бебе го нарекуваат чудо (ВИДЕО)

Бебето при тешката сообраќајна несреќа буквално било откорнато од мајчината утроба и преживеа без ниту една гребаница, но мајката за жал настрада.

Бремената жена се наоѓала во камион кога возачот изгубил контрола над возилото, кое се превртело кај местото Кажати, меѓу Сао Паоло и Куритиба, во југоситочниот дел на Бразил.

Жената во таа прилика излетала од камионот, даските кои ги превезувале паднале врз неа и и го искинале стомакот, а бебето излетало надвор.

Шокираните лекари ја пронашле мртвата жена под даските расеани по патот, а потоа слушнале плач и го здогледале девојчето неколку метри подолу.

Бебето, чија папочна врвца се скинала во несреќата, е совршено здраво и моментално се наоѓа во болница, на одделението за интензивна нега.