Референдумот покажал дека 40 илјади граѓани, кои имаат важечка лична карта и патна исправа, но поради некоординација или поради постојани образложенија за пропусти на системот, се избришани од Избирачкиот список и не можеа да го искористат правото на глас.
Во повеќето случаи, граѓаните не фигурирале на Избирачкиот список како последица на поминат рок на личните карти или другите документи за идентификација, се вели во извештајот на Народниот правобранител.
Според нив, постоело можност ДИК, во текот на изборната кампања, да ги повика овие лица и да им се каже дека се избришани од Избирачкиот список и да ги упатат што треба да направат за да го искористат правото на глас.