На денешен ден во 1776 година, континенталниот конгрес на САД ја усвои декларацијата за независност, со што САД ја прогласи својата независност од Британската Империја. Тоа е првата победа во историјата против европските колонијални сили, прво воспоставување на парламентарната демократија какво што го познаваме денес, првата Уставна Република која почива врз правото на пеодинецот.
И после 242 години таква политика пракса, еве ги на врвот на светот. Тоа е технолошки и економски најразивената држава која било кога постоела, тоа е држава во која најлесно се менува сопствениот социјален статус во позитивен правец.
Македонија од САД беше поддржана на Версајскиот Мировен Процес. Македонците во Америка беа политички најактивните кога Македонија не постоеше како држава, што било незамисливово Европа, каде владееле монархии сватовски поврзани со нашите окупатори. Македонија како југословенска република беше поддржана од САД во време на ембаргото на СССР, Македонија беше спасена од грчка воена окупација 1991 година, која беше предвидена со договорот Милошавиќ-Мицотакис од Крит, ноември 1991 повторно од САД (Книга:„Македонија е се што имаме“-Киро Глигоров). Не постои друга супер сила низ историјата која толку често застанувала на наша страна,тогаш кога ни било најтешко.
На денешниот „Роденден на САД“ Американската Амбасада во Скопје е накитена со фармерки, еден од симболите, еден од производите со кои САД го има освоено светот. Нека им е среќен денот на независноста, и нека им се множат годините на нашите најголеми пријатели.