Македонија 09. август 2019. / 17:28

360: СЈО отвора истрага за Томе Главчев , реклама на 1ТВ две недели подоцна

360: СЈО отвора истрага за Томе Главчев , реклама на 1ТВ две недели подоцна

Истрагата за случајот „Поштенска банка“, за која обвинителката Лиле Стефанова во денешната изјава тврди дека нејзината шефица Катица Јанева барала да се затвори само со паричен надомест за државата и без затворски казни, се однесува на кривичното дело перење пари и други приноси, пренесува 360.

Меѓу осомничените е бизнисменот Томе Главчев – сопственик на „НОЕЛ Гевгелија“ и други фирми. Две ипол недели по обелоденувањето на истрагата (13 октомври 2018 г.), за фирмата на Главчев осамна пи-ар текст на сајтот на телевизијата „1“ ,(29 октомври 2018 г.) во кој е прикажана како успешна македонска бизнис-приказна. Во пропагандниот текст, кој се уште е достапен на интернет-страницата, се вели и дека Главчев е исклучителен пример за успех во бизнисот и дека имал активна свест за општествена одговорност.

Во изминатите месеци на „1 тв“ редовно се емитуваше и реклама за „Ноел“ Гевгелија, позната по производство на кошули. Дел од медиумите објавуваа дека Главчев е меѓу бизнисмените кои дале исказ во Обвинителство за случајот „Рекет“, но официјална потврда оттаму нема.

Инаку, во случајот „Поштенска банка“, судот по барање на СЈО го замрзна имотот на сите опфатени со истрагата, вклучително и имотот на Главчев и на неговите фирми, но со исклучок на еден стан. Незамрзнатиот стан на Главчев, како што објави порталот „А1 Он“, го купува екс-директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, кој пак важи за близок до шефицата на СЈО Јанева.

Василевски станот го купил на 30 октомври 2018, што е 17 дена подоцна од отворањето на истрагата „Поштенска банка“, каде осомничен е и сопственикот на фирмата Томе Главчев. Извори од СЈО за порталот кажале дека Јанева не побарале замрзнување и на тој стан со образложение дека наводно се работело за проблематичен објект.

Целиот текст на порталот 360 степени можете да го прочитате ТУКА.