Пред српската делегација во Вашингтон предводена од Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на состанокот во Белата куќа, фрлен е документ со 16 точки.
Под бројот 10 е барањето да се признае Косово!nСрпски Курир имал увид во тој документ и еве како гласи точката 10:
Двете страни се обврзуваат на меѓусебно признавање, на заштита на етничките малцинства, реституција на имотите, решавање на статусот на државјанството, како и усогласување на отварање на канцеларии задолжени за заштита и следење на малцинските групи, кои ќе доставуваат годишни извештаи!
На српската делагација се врши силен приситок, за што посведочи и Синиша Мали.
Огромен е притисокот, ова за нас се тешки теми. Претседателот Вучиќ се бори, а дали ќе издржи, ќе видиме. Предавањето не е опција – им изјави Мали на новинарите во Вашингтон.