125-мината ново примени професионални војници ги добија договорите за вработување во армијата, пренесува Сител.
Во велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ги врачи договорите за вработување на новите професионални војници.
– Армијата не може без вас и таа ве избра за процесот на стратешки приоритети на државата односно членството во НАТО. По потенцијал сте еднакви со модерните армии од светот, а како полноправна членка на НАТО нашата видливост ќе биде уште поголема и по три декади ќе станеме полноправен член на Алијансата – рече министерката за одбрана Шеќеринска.
Таа додаде дека до крајот на годината ќе се вработат уште 125 професионални војници а во исто време ќе се работи на подобрување на модернизирање на армијата.