Магазин 14. мај 2020. / 15:45

„ЗУМ“ ќе ангажира 500 нови инженери во следните 2 години

„ЗУМ“ ќе ангажира 500 нови инженери во следните 2 години

Компанијата за видео конференции, „ЗУМ Видео Комуникејшн, денеска објави дека планира да ангажира дополнителни 500 инженери за софтвер во текот на следните две години за своите нови центри за истражување и развој во Феникс и Питсбург во Соединетите американски држави.

Ако ЗУМ продолжи со плановите, тоа значи дека инженерскиот персонал на компанијата ќе се прошири за значителни 60%. Сепак, овој потег доаѓа природно бидејќи ЗУМ забележа огромно зголемување на корисниците во дневните состаноци, од 10 милиони во декември минатата година на 300 милиони во април.

Акциите на компанијата се искачија над 145% од почетокот на годината, па ЗУМ се приклучи на Насдак 100 на почетокот на мај.