На градилиште за време на работата на новиот аеродром „Фелипе Анхелес“ во Мексико Сити се пронајдени коски на повеќе од 60 преисториски мамути.
Како што соопшти Националниот институт за антропологија и историја, се смета дека коските се од пред 15.000 години и припаѓаат на колумбиски мамут.
За време на изградбата на аеродромот, пронајдени се коски и од бизони, камили, коњи, луѓе, како и разни предмети.
Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека претходно, остатоци од 14 мамути биле пронајдени во областа Тултепека минатата година.