Новата книга на оригиналниот мислител и полиаспектен уметник, Сашо Тасевски, со наслов „Жена вредна злато“ ќе биде испромовирана пред скопската публика на 12.11.2019 година во 19 часот.
Настанот ќе биде модериран од Магдалена Стојмановиќ, додека промотори ќе бидат проф. Д-р Наде Молеровиќ, проф. Д-р Тања Алексиќ и проф. Д-р Филип Петровски.
Скопската публика ќе се запознае со оригинално дело кое е синтеза од фантазија во когнитивна смисла и јазик кој е својствен за реализмот.
Сите љубители на книжевноста и уметноста ќе бидат во можност да стекнат нови естетички искуства и познанија.