Еден од најславните пејачи на сите времиња на Балканот, Здравко Чолиќ, е силно погоден од епидемијата на корона вирусот.
Тој има 68 години и според правилата наложени од српската влада, спаѓа во групата граѓани (над 65 години) на кои им е забрането да излегуваат од своите домови.
Како што пишува српскиот магазин „Стори“, пејачот се изолирал од семејството и живее во посебно крило на својата вила во Белград. Чолиќ од почетокот на вонредната состојба не ги видел своите ќерки, Уна и Лара, кои се плашат дека може да му го пренесат вирусот. Пејачот ја гледа само својата сопруга која му остава храна.
Што доживеав, бегам од сопствените деца во мојата куќа. Ова е страшно – наводно ѝ се пожалил Чолиќ на својата сопруга.
Популарниот Чола, сепак, не ја прекинал комуникацијата со ќерките со кои разговара преку видеоповик.