Магазин 01. март 2021. / 10:29

Втората руска вакцина е за 100 проценти ефикасна

Втората руска вакцина е за 100 проценти ефикасна

Вакцината против ковид-19, позната како EpiVacCorona, втората руска вакцина, се покажа како „100 процентна ефективна“ во раните фази на испитувањето, соопшти рускиот Роспотребнадзор.

Податоците, засновани на испитувања во фаза I и II, беа објавени пред почетокот на поголемото испитување во фаза III, што обично споредува илјадници учесници и плацебо група, пренесува Ројтерс.

-Ефективноста на вакцината се состои во нејзината имунолошка и превентивна ефикасност, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на Роспотребнадзор.

Истражувањата во фаза I и II ги тестирале безбедноста, несаканите ефекти и имуногеноста на потенцијалната вакцина кај 100 лица од 18 до 60 години, според државниот регистар на испитувања.

-Според резултатите од клиничките испитувања во фаза I и II, имунолошката ефикасност на EpiVacCorona е 100%.

Русија во ноември започна со тестирање на вакцината EpiVacCorone, развиена од институтот Вектор во Сибир.

Претходно тој месец, Москва соопшти дека нејзината одобрена вакцина Спутник V е 92% ефикасна во заштитата од ковид-19 врз основа на привремени резултати.

-EpiVacCorona ќе се користи за масовна вакцинација од март, изјави вицепремиерката Татјана Голикова за новинската агенција Интерфакс.