Магазин 22. јануари 2019. / 21:51

Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот: Забрана за товарни возила на патот Охрид – Ресен

Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот: Забрана за товарни возила на патот Охрид – Ресен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и  Буково. На патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 -50 метри има на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2018 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Од 21:00 часот на патот Охрид – Ресен, кај Буково, поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.