Магазин 06. февруари 2020. / 09:09

Времето променливо облачно со ветер – Во Маврово најстудено и со најмногу снег

Времето променливо облачно со ветер – Во Маврово најстудено и со најмногу снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер, на места од над 60 км/ч. Претпладне се уште ќе има локални врнежи од снег со послаб интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има услови за провејување снег. Максималната температура ќе достигне до 2 степена Целзиусови.

Утринава најстудено е во Маврово, каде што се измерени -9 степени Целзиусови, а таму има и највисока снежна покривка од 41 сантиметар.

Снежна покривка од 33 сантиметри има во Пожаране, 29 во Тополчани, 27 во Прилеп, 25 во Лазарополе, 19 во Битола, 16 во Крушево, 15 во Берово и Дебар, 14 во Охрид, 9 во Ѓуриште, 8 во Крива Паланка и Виница, 7 во Претор и 5 во Тетово.

По Маврово утрово најстудено било и во Крушево и Лазарополе со -8 степени. Во Скопје се измерени минус два степена.