Магазин 02. февруари 2021. / 07:45

Времето денеска умерено облачно и врнежливо

Времето денеска умерено облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, понекаде со сончеви периоди, а на места со слаб дожд особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Од утре следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени