Од АМСМ предупредуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози и дека снег провејува на Попова Шапка и Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот.
Денеска и утре ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес – Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.