Магазин 30. септември 2020. / 09:16

Возење велосипед низ Скопје за безбедна велосипедска инфрастуктура

Возење велосипед низ Скопје за безбедна велосипедска инфрастуктура

Иницијативата НаТочак денеска, по 85-ти пат, со почеток во 17.30 од Плоштад Македонија, организира возење на велосипеди низ скопските улици, за да ги потсети властите дека на велосипедистите им е потребна солидна инфрастуктура.

Иницијаторите информираат дека возењето велосипеди е дел од настанот „Критична маса“. Под слоганот „Приказната продолжува. Се гледаме на улиците!“, иницијативата НаТочак потсетува дека велосипедистите се дел од скопската приказна и дека им е потребна безбедна велосипедска инфрастуктура.

Иницијатива НаТочак вели дека возењето велосипеди ќе продолжи сè додека не им се исполнат условите за безбедно возење велосипеди во Скопје.