Магазин 14. август 2019. / 22:02

(ВО ЖИВО) Ракомет Македонија – Португалија

(ВО ЖИВО) Ракомет Македонија – Португалија

Ракометарите кои се дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство денеска го имаат најважниот натпревар на шампионатот на кој едноставно не смеат да загубат. Тие денеска од 20:45 часот играат против селекцијата на Португалија во последниот осминафинален меч од програмата во СЦ „Борис Трајковски“.

Нема потреба од посебни објаснувања и најавувања бидејќи едноставно тоа е дуел со огромен влог и средба на која едноставно мора да се оди со сите сили од прва минута. Сите ќе мораат да дадат максимум и во овие 60 минуги да не се штедат во ниту еден момент. Oва е натпреварот кој може да ги однесе меѓу најдобрите осум така што во денешните 60 минути решаваат сè сами.