Магазин 30. мај 2020. / 21:55

(ВО ЖИВО) Нов обид на САД за враќање во вселената

(ВО ЖИВО) Нов обид на САД за враќање во вселената

НАСА соопшти во саботата дека лансирањето на „SpaceX“ е дозволено откако директорот за лансирање даде зелено светло за да ја „загреат“ ракетата.

Во меѓувреме, претседателот на Соединетите држави пристигна во вселенскиот центар Кенеди за да го види првото лансирање од земјата од 2011 година.

Лансирањето првично беше закажано за минатата среда, но беше одложено за денес во 15:22 часот поради лошите временски услови. Претходно денес, извршниот директор на „SpaceX“, Елон Маск рече дека постои ризик од 50% за повторно да се одложи лансирањето.