Магазин 03. јуни 2019. / 22:31

ВО ЖИВО: Илјадници граѓани ќе чекаат шампионите на плоштад

ВО ЖИВО: Илјадници граѓани ќе чекаат шампионите на плоштад

Ракометарите на Вардар со автобус од аеродромот Скопје се упатија кон плоштадот Македонија, каде ги чекаат реки народ.

Во автобусот се и српските коментатори кои со многу емоции ги коментираа победите на македонскиот тим. Попат си следат автомобили со навивачи. Има огромни колони на народ кој ги поддржува и сака да им честита за успехот. Играчите велат дека постигнаа успех затоа што играле со срце.

Вардар по втор пат е шампион во Европа. претходно оваа титула ја добија во 2017 година.