Магазин 20. февруари 2021. / 08:29

Во текот на денот променливо облачно, во вечерните часови повремени врнежи од дожд

Во текот на денот променливо облачно, во вечерните часови повремени врнежи од дожд

Претпладне по одделни котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег. До утринските часови врнежите ќе престанат, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.