Магазин 09. јануари 2020. / 08:57

Во Македонија е ведро и доста студено

Во Македонија е ведро и доста студено

Времето утринава ќе биде ведро и доста студено, преку ден сончево со слаб северозападен ветер и со појава на магла по одделни котлини.

Утринската температура се движи од минус 11 до минус 2 Целзиусови степени, а дневната од четири до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје утрово  е ведро и доста студено со појава на магла. Преку ден ќе биде сончево. Утринската температура се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

И во петок ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини.

За време на викендот ќе има појава на зголемена облачност, на некои пониски места со повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.