Македонскиот гитарист Влатко Стефановски откри дека пред 22 години се запознал со принцот Чарлс во Скопје.
Тој денеска првпат ги објави фотографиите кои се направени во хотелот „Континентал“, на коктелот што бил организиран во чест на принцот. Влатко вели дека конечно ја изгледал серијата „Круна“ која е посветена на британското кралско семејство и дека тоа го потсетила на дружбата со принцот.
– Само што завршив со гледање на „Круна“, па решив да ги споделам сликите од средбата со неговото височество, принцот од Велс, што се случи во ноември 1998 година. Како сувенир, тогаш му го подаров мојот најнов албум„Џипси Меџик“, напиша Стефановски на Инстаграм.