Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) во петок на состанок ќе разговара за иднината на селекторот Јоаким Лев. Лев во последно време бележи лоши резултати на чело на репрезентацијата, пренесува Билд. Особено оној пораз од 6:0 против Шпанија го вклучи алармот во ДФБ.
Некои сметаат дека Лев би можел да биде сменет пред настапот на Европското првенство идната година, и да му се даде шанса на некој друг да ја води селекцијата. Меѓутоа добро упатени извори тврдат дека на Лев ќе му се даде шанса да ја води селекцијата на Евро собирот идната година, а потоа, во зависност од резултатите, ќе биде познато дали ќе остане или не.
Лев е на чело на националниот тим од 2006 година. Дојде до финале на Европско првенство 2008 година, и до трофејот на Мундијалот во Бразил 2014 година. За смена на Лев почна да се говори по „фијаското“ на СП во Русија во 2018 кога испадна од групната фаза.
Сепак, тврдоглавоста во последно време, и изостанувањето на Милер, Хумелс, Боатенг и некои други играчи, може да го чини отказ од националниот тим, иако тоа е малку веројатно дека ќе се случи.