Магазин 15. јануари 2021. / 17:13

Викендов студено со врнежи од снег и повремени сончеви периоди

Викендов студено со врнежи од снег и повремени сончеви периоди

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1 степен, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.