Магазин 03. април 2020. / 10:35

Викендов нема скијање на битолскиот ски-центар Нижо Поле

Викендов нема скијање на битолскиот ски-центар Нижо Поле

ЈП „Стрежево“-Битола кое стопанисува со ски-центарот „Нижо Поле“, кој се наоѓа над истоименото наслено место, соопштува дека викендов нема да биде дозволено скијање во зимско-туристичкиот центар.

Од претпријатието посочуваат дека и покрај новиот снег и високата снежна покривка, сепак заради заедничката битка против ширењето на вирусот КОВИД-19, скијањето нема да биде дозволено, ски лафтовите и чајџилницата нема да работат, а нема да бидат подготвени за скијање ниту ски патеките.

-Едноставно, ги замолуваме љубителите на скијањето овој викенд да останат дома, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.