Магазин 13. јуни 2020. / 07:14

Викендов ќе биде топло и ветровито

Викендов ќе биде топло и ветровито

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува.

Утринската температура се движи од 9 до 16, а дневната ќе биде во интервал од  22 до 30 степени Целзиусови.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

Во недела ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.

Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.