Вечерва македонската репрезентација за првпат се пласираше на Европско Првенство. Кончено сонот стана реалност, а многу Македонци оваа вечер ќе ја памтат по завршните зборови на коментаторот на МРТ.
„Тие што ги описмениве ќе нѐ дочекаат наредниот јуни“, извика Тони Стојановски. Коментаторот на македонската телевизија распали вечерва по крајот на натпреварот со завршни зборови каде ги искажува своите патриотски чувства.
Она што треба да нѐ загрижи е тоа што ова видео се брише од секаде. Кој и да го објави по неколку минути оваа вест веднаш е избришана од социјалните мрежи. Останува нејасно прашањето: Кому му сметаат патриотските чувства на коментаторот Стојановски?
Во продолжение може да го погледнете видеото на кое ќе се наежи секој Македонец.