Магазин 19. април 2020. / 22:17

(ВИДЕО) За време на изолацијата Подгорица ечи во еден глас: Македонско девојче, китка шарена

(ВИДЕО) За време на изолацијата Подгорица ечи во еден глас: Македонско девојче, китка шарена

Состојбата предизвикана од корона вирусот е причина за воведување полициски час и во Црна Гора.

Во ова време кога мора да бидат во своите домови, дел од граѓаните на Подгорица од своите тераси и прозорци испратија убав поздрав до пријателите во Македонија.

На објавеното видеото се слуша како цел кварт во Подгорица ја пее песната „Македонско девојче“, а според описот на снимката, тоа траело цели 15 минути.