Магазин 15. јуни 2020. / 13:15

(ВИДЕО) Во Охрид се уриваат шанкови и потпорни ѕидови на крајбрежјето

(ВИДЕО) Во Охрид се уриваат шанкови и потпорни ѕидови на крајбрежјето

Со отстранување на шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови, утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО.

Акцијата почна од месноста Застава и засега се одвива со физичка сила без употреба на тешка механизација.

Дел од сопственици на шанкови, угостителски ојекти и плажи изразија отворено негодување кон извршителите, обвинувајќи ги за селективност.

Доколку властите решиле да воведуваат ред и да уриваат, тоа треба да се прави неселективно, односно да се почне од едниот или другиот крај на плажите, а не од средина. Ако акцијата се спроведува неселективно сами ќе ги урнеме нашите објекти. – изјавија револтирани сопственици на шанкови и угостителски објекти од плажите Славија и Застава.

 

извор: Охридњуз