Магазин 09. септември 2019. / 12:49

(ВИДЕО) Во Австрија и Италија падна првиот снег

(ВИДЕО) Во Австрија и Италија падна првиот снег

Првиот снег оваа сезона падна на Алпите, во Австрија и во Италија.

Во Италија, по рекордно топлото лето, наеднаш падна снег во алпското место Ливино, на 1 800 метри надморска височина.

Под снег се и австриските Алпи, каде викендов напаѓаа десетина сантиметри снег, а Австријците велат дека се подготвуваат за снежна покривка од половина метар среде септември. Снегот ќе продолжи да паѓа и денеска до крајот на денот.

На подрачјата на 1 200 метри надморска височина с еочекува да наврнат 30 сантиметри снег, додека на повисоките, над 2 500метри, се очекува и половина метар снег.

Веднаш потоа, утре и задутре се очекува температурен шок со сончеви периоди и температура од 20 степени.