Магазин 17. февруари 2019. / 13:59

(ВИДЕО) Ужасни снимки од местото каде загина Шабан – ова се деталите од несреќата

(ВИДЕО) Ужасни снимки од местото каде загина Шабан – ова се деталите од несреќата

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во страшна сообраќајна несреќа во Германија.

Како што неофицијално пишува српски Курир, Шабан со автомобилот тргнал кон аеродромот кога се случила несреќата. Тој не управувал со возилото, туку имал возач. Со него бил и неговиот кум кој е повреден.

Покрај Шабан во автомобилот имало и други музичари. Според последните информации Мирсад Кериќ е во тешка состојба, а на Бобан му се скршени три ребра.

Како што пишуваат германските медиуми, пијан возач со автомобил марка „мазда“ удрил во автомобилот на пејачот. Иако докторите дале се од себе за да го спасат Шабан, за жал не успеале.

Несреќата се случила во околината на Билефелд.

Погледнете го видеото од местото на несреќата: