Ревијалната борба помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор во Лос Анџелес заврши нерешено. Имаше многу клинч ситуации, така што судиите одлучија дека нема победник.
Двајцата боксуваа во „Стејплс центарот“ во осум рунди од по две минути.
Боксерите разменија неколку добри удари, кои, сепак, беа далеку од силината и квалитетот од пред 15-тина години кога Тајсон и Џонс беа активни на боксерската сцена. Тајсон, беше нешто по активен во борбата, но не успеа да го разбие Џонс, кој во четвртата и петтата рунда имаше серија удари во телото и лицето на противникот.
На крајот, тројцата судии кои дуелот го следеа онлајн ги поделија бодовите 76-76, 80-76 за Џонс, 79-73 за Тајсон и не прогласија победник.