Магазин 14. јуни 2020. / 01:55

(ВИДЕО) Скромно одбележан роденденот на кралицата Елизабета Втора

(ВИДЕО) Скромно одбележан роденденот на кралицата Елизабета Втора

Поради пандемијата на корона вирусот, роденденот на британската кралица Елизабета Втора се одбележа поскромно од вообичаено.

Наместо грандиозна воена парада во центарот на Лондон, која вообичаено привлекува илјадници туристи, оваа година почест на кралицата и оддаде мала група војници и воен оркестар, придржувајќи се кон мерките за физичко дистанцирање.

По салутирањето на кралицата, на имотот во замокот Виндзор се одржи воен егзерцир.

Иако роденденот на 94-годишната кралица беше на 21 април, нејзиниот „службен“ роденден традиционално се одбележува во јуни со воена парада која годинава беше откажана, што е втор таков случај за речиси 70 години од нејзиното владеење. Тоа првпат се случило во 1955 година поради штрајкот на националната железница.