Денес е последен ден во Русија во кој граѓаните можат да го искажат своето мислење за предложените уставни реформи, а вработените во зоолошката градина во Барнаул, во руската република Алтај, донесоа мечка младенче на гласачкото место.
Директорот на зоолошката градина, Сергеј Писарев, кој ја однел мечката на гласање кажал дека името на мечката е Глаша и е сирак.
Пред неколку месеци, таа беше пронајдена во близина на шумата и беше сместена во зоолошка градина.
Мечето „гласаше“ во средно училиште во Барнаул, а на видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Глаша се качува на стол, грицка антисептичко шише, повлекува кутија за хартија од масата и ја „грицна“ раката на жената што беше во изборната комисија.
Писарев рече дека кога Глаша се појавил во средното училиште завладеал ентузијазам кај децата и кај членовите на изборната комисија, кои не очекувале таков посетител. Тој изјави дека вработените во зоолошката градина и претходно оделе на избирачките места со животни.