Магазин 06. март 2021. / 18:44

(ВИДЕО) Роверот на НАСА започна со потрагата по живот на Марс

(ВИДЕО) Роверот на НАСА започна со потрагата по живот на Марс

Роверот кој НАСА го испрати на Марс тргна во испитување за можни знаци на живот на „Језеро“, кратерот на црвената планета.

Сликата за овој анимиран гиф е направена на 5 март 2021 година, од страна на Навигациска камера на роверот Perseverance на НАСА за време на првото возење на Марс.

Клучна цел за мисијата на „ Perseverance “ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на древен микробиолошки живот. Роверот ќе ја проценува геологијата на планетата и климата во минатото, ќе го отвори патот за истражување на Црвената планета од луѓето и ќе биде првата мисија што ќе собере и складира камења на Марс и реголит (скршени карпи и прашина) во кратерот Језеро.

Последователните мисии на НАСА, во соработка со ЕСА (Европската вселенска агенција), би испратиле вселенски летала на Марс за да ги соберат овие запечатени примероци од површината и да ги вратат на Земјата за детална анализа.

Лабораторијата за реактивен погон на НАСА, со која управува „Калтек“ во Пасадена, Калифорнија, е изградена и менаџирана за операциите на роверот „Perseverance“.