Во август 1962 година психијатарот Ралф Гринсон го пронајде телото на славната холивудска актерка Мерилин Монро во спалната соба во нејзиниот дом во Брентвуд, Калифорнија.
Гринсон околу 3 часот наутро добил повик од домарот на актерката кој „почувствувал дека нешто не е во ред“, затоа што, како што истакнал, светлото во собата било вклучено, а вратата била заклучена.
Смртта официјално ја потврди Хајман Енгелберг, лекарот на Мерилин Монро, кој пристигнал во куќата околу 03:50 часот. Веста за ненадејната смрт на актерка наскоро се најде на сите насловни страни на американски и европски магазини, а стапката на самоубиства во Лос Анџелес тој месец двојно се зголемила.
Ова е последната позната снимка на Мерилин Монро, снимена малку пред актерката трагично да си го одземе животот.