Магазин 19. мај 2019. / 22:52

(ВИДЕО) Победничката песна на Евровизија крие вистинска љубовна трагедија на пејачот

(ВИДЕО) Победничката песна на Евровизија крие вистинска љубовна трагедија на пејачот

Победникот на Евровизија 2019 година, Холанѓанецот Данкан Лоренс ги воодушеви сите со својата песна и настап на шоуто во Тел Авив, Израел.

Песната разбуди емоции кај фановите и според многумина победата била заслужена.

Сепак 25 годишниот пејач за британскиот весник „Сан“ открива дека мотивот за оваа песна доаѓа од големата трагедија која ја има преживеано.

Ме инспирираше прераната смрт на личноста која ја сакав – вели Данкан, кој не сакаше да изнесе повеќе детали околу љубовната трагедија, освен да спомене дека станува збор за загуба на рана возраст.

-„Аркада“ е приказна за трагична љубов на мојот живот. Таа претставува надеж за достигнување на нешто што понекогаш и не е возможно – додава Лоренс.